Дур вечерта го саѓосува снегот што сипе
под стежнатите елки траат и лишка и птица –
сал тоа с'скање што кацнува меко
го слуша пустиникот од својата пештера
паралдисан, без да ја изусти наизуст молитвата.
Една единствена ноќ можеби на складност
меѓу иконата и исконот, меѓу светлината внатре
и штамата од пред создавањето на светот...
Но просторот крие во своите кривини
неостварен скок од рис
и утре кога ќе се јави јаросниот ореол на сонцето
воздухот ќе списка окрвавен од мамуз
и која милосрдност тогаш ќе го скроти исконов
која молноносна молитва, која прошка и причесна?